Русија достави предлози до Соединетите Американски Држави за отстранување на пречките за целосно подобрување на односите меѓу Москва и Вашингтон, што би отворило перспективи за соработка, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се истакнува дека е важно да се премине на навистина важни прашања за време на дијалогот меѓу Русија и САД, вклучително и обновувањето на директниот воздушен сообраќај и враќањето на конфискуваниот руски дипломатски имот, објави РИА Новости.
„На Американците им беа дадени предлози за отстранување на овие сериозни пречки за целосно закрепнување на односите меѓу Москва и Вашингтон“, соопшти министерството како одговор на прашањата од новинарите што ги доби на прес-конференција рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за резултатите од руската дипломатија во 2025 година.












