Русија и Украина денеска разменија по 307 воени затвореници, еден ден откако разменија и стотици затвореници во најголемата размена од почетокот на војната во февруари 2022 година.
„Очекуваме повеќе да дојде утре“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот официјален канал Телеграм. Руското Министерство за одбрана, исто така, соопшти дека очекува размената да продолжи, но не даде детали.
Размената се случила на границата со Белорусија, во северна Украина, изјави украински претставник.
Ослободените Руси се префрлени на лекување во Белорусија, соопшти руското Министерство за одбрана.
На разговорите одржани во Истанбул претходно овој месец, за прв пат по инвазијата во 2022 година, Киев и Москва се договорија да разменат по 1.000 воени заробеници и цивилни затвореници.
Сепак, размената, последната од десетиците размена од почетокот на војната и најголемата досега во која беа вклучени украински цивили, не означи крај на борбите.