Русија и Украина разменија по 307 воени заробеници

14
Фото: EPA-EFE/STRINGER

Русија и Украина денеска разменија по 307 воени заробеници, во согласност со договорот кој на 16 мај беше постигнат во Истанбул.
Руските војници во моментот се наоѓаат на територијата на Белорусија, каде што добиваат соодветна психолошка и медицинска помош, а потоа ќе бидат пренесени во Русија на лечење и рехабилитација, соопшти руското Министерство за одбрана.
Ова е втора голема размена на воени заробеници во изминатите два дена, бидејќи Русија и Украина во петокот разменија по 270 војници и 120 цивили.

ИЗДВОЕНИ