Русија и Украина ја завршија првата фаза од најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

110
Фото: EPA-EFE/STRINGER

Руски војници и цивили вратени од украинско заробеништво моментално се наоѓаат во Белорусија.

Двесте и седумдесет војници од украинско заробеништво се вратија денес во Русија, како и 120 цивили. Ист број украински војници и цивили се вратија во своите домови.

Според руското Министерство за одбрана, меѓу цивилите кои беа разменети имало и заробеници во Курската област.

Планот е размената на затвореници – договорена во Истанбул на иницијатива на Москва и најголема од почетокот на Специјалната воена операција – да продолжи во наредните денови.

Имено, руските и украинските преговарачи се согласија во Истанбул да разменат 2.000 затвореници, по 1.000 од секоја страна – цивили и војници.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави размената на социјалните мрежи и им честиташе на двете страни. „Ова може да доведе до нешто големо“, додаде тој.

Министерството наведува дека руските војници и цивили вратени од украинско заробеништво моментално се наоѓаат во Белорусија, каде што им се пружа потребната психолошка и медицинска помош.

„Во моментов, рускиот воен персонал и цивили се наоѓаат на територијата на Република Белорусија, каде што им се пружа потребната психолошка и медицинска помош. Сите руски војници и цивили ќе бидат транспортирани во Руската Федерација за лекување и рехабилитација во медицински установи“, се вели во соопштението.

ИЗДВОЕНИ