
Руската влада одлучи да воведе привремена забрана за извоз на бензин, дизел и други горива до крајот на јули, а рускиот премиер Михаил Мишустин го потпиша декретот за воведување на оваа мерка, соопшти денес прес-службата на руската влада.
„Владата воведе нова привремена забрана за извоз на бензин, дизел и други горива до 31 јули 2026 година. Декретот е потпишан“, се наведува во соопштението, додавајќи дека целта на оваа одлука е да се зачува стабилноста на домашниот пазар на горива, пренесува ТАСС.
Соопштението укажува дека забраната за извоз на моторен бензин повеќе нема да важи за директните производители на нафтени производи, што ќе помогне да се спречи ризикот од преоптоварување на производствените капацитети на нафтените компании.











