недела, јануари 18, 2026
Дома СВЕТ Русија го раскина нуклеарниот договор со Шведска

Русија го раскина нуклеарниот договор со Шведска

4341

Рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша наредба за раскинување на договорот со Шведска за размена на информации за нуклеарни објекти и за навремено известување за нуклеарна несреќа.

Документот е објавен на официјалниот и правен информативен портал, пренесува „РИА Новости“.

„Во согласност со став 1 од член 37 од Федералниот закон „За меѓународни договори на Руската Федерација“, Договорот меѓу Владата на Сојузот на Советските Социјалистички Републики и Владата на Шведска за навремено известување за нуклеарна несреќа и за размена на информации за нуклеарни објекти, потпишан во градот Стокхолм на 13 јануари 1988 година, со ова се раскинува“, се наведува во документот.

На руското Министерство за надворешни работи му е наложено да ја извести шведската страна за одлуката, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ