Русија ги потврди украинските напади врз воените аеродроми – гореа неколку бомбардери/видео

3100
Фото:принтскрин

Руското Министерство за одбрана објави дека Украина извршила напади со беспилотни летала врз руските воени аеродроми во пет региони, што довело до пожар на неколку авиони.

Нападите се случиле во регионите Мурманск, Иркутск, Иваново, Рјазан и Амур, објави руското министерство.

„Во регионите Мурманск и Иркутск, лансирањето беспилотни летала за контрола на аеродромите од областа во непосредна близина на аеродромот доведе до палење на неколку авиони“, соопшти министерството.

Пожарите се изгаснати и нема извештаи за жртви. Некои лица вклучени во нападите се приведени, соопшти министерството.

Според извештаите на украинските и меѓународните медиуми, денес се случил голем напад врз најмалку четири руски воени објекти, наречен операција „Мрежа“, а неговото планирање и извршување го извршила Безбедносната служба на Украина.

Операцијата била планирана речиси година и пол, според светските агенции.

Информациите за бројот на погодени и уништени руски воени авиони и објекти сè уште пристигнуваат, а прелиминарните информации ја проценуваат штетата на најмалку 500 милиони долари, а некои извештаи велат дека надминала две милијарди.

Бронтовите што се користеле во големиот украински напад врз руските сили биле прокриумчарени во Русија за прв пат во операцијата, открил безбедносен извор за „Скај њуз“.

Се вели дека се уништени дури 40 руски бомбардери.

ИЗДВОЕНИ