Русија ги менува воените цели во Украина?

139

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврди дека Русија никогаш немала намера да окупира украински територии, туку само сакала да го заштити рускиот народ.

„Сакам уште еднаш да нагласам дека никогаш не сме рекле дека треба да окупираме само некои територии. Ниту Крим, ниту Донбас, ниту Новорусија, како територија, никогаш не биле наша цел“, рече Лавров во интервју за руската државна телевизија.

Лавров тврди дека Москва „отсекогаш сакала да го заштити рускиот народ кој живеел на споменатите територии стотици години“. Тој исто така рече дека за време на претседателствувањето на Володимир Зеленски, Украина донела закони чија цел, тврди тој, била да ги уништи правата на оние кои зборуваат руски.

Изјавата на Лавров доаѓа во време на интензивирани дипломатски активности. На 15 август се одржаа разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот Владимир Путин. По средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските претставници во Вашингтон на 18 август, Трамп изрази надеж за што поскоро организирање на американско-украинско-руски разговори.

ИЗДВОЕНИ