Русија е подготвена за трета рунда преговори со Украина во Истанбул

50
Руската делегација е подготвена да дојде во Истанбул на трета рунда преговори со Украина и очекува дека Киев ќе го продолжи преговарачкиот процес, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
„Руската делегација е подготвена да пристигне во Истанбул за да ја одржување на третата рунда. Очекуваме дека Киев ќе дејствува во духот на постигнатите договори и ќе го продолжи процесот на преговори“, рече Захарова на брифингот.
Таа додаде дека не е запознаена ниту со тоа никакви сигнали или реакции од Киев за подготвеноста за трет круг“, пренесува „РИА Новости“.

Русија и Украина одржаа две рудни директни преговори, а двата состаноци беа одржани во Истанбул. Меѓу постигнатите резултати, беше размената на затвореници, а Москва, исто така, ги предаде телеата на загинатите војници во Украина, пренесува „Танјуг“.

Покрај тоа, страните разменија нацрти од меморандумот за решавање на судирот. Меѓутоа, датумот за третата рунда преговори уште не е одреден, и покрај фактот дека Турција и Русија повеќе пати изразија подготвеност таа да се одржи, напоменува „РТ“.

 

ИЗДВОЕНИ