Русија до украинските војници во Покровск и Купјанск: „Опкружени сте, предајте се жако сакате да преживеете“

570
EPA/VALDA KALNINA

Позицијата на украинските трупи во близина на Купјанск и Красноармејск (Покровск) стана критична, соопшти руското Министерство за одбрана, истакнувајќи дека украинските единици се во таканаречени „котли“ и трпат големи загуби под нападот на руските сили.

Според соопштението, руските трупи ја продолжуваат офанзивата, додека украинските групи се „целосно притиснати“ и, како што наведува Москва, немаат шанси за повлекување.

– Денес, позицијата на украинските групи, притиснати во „котли“ во близина на Купјанск и Красноармејск, нагло се влошува. Тие трпат големи загуби поради ударот и напредувањето на нашите трупи и немаат шанси за спас освен доброволно предавање – се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Руското министерство се осврна и на изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој претходно изјави дека украинските сили „го исчистиле Купјанск од до 60 преостанати руски војници“.

Москва го нарече тврдењето „целосно губење на допир со реалноста“ и понуди две можни верзии зошто Зеленски, како што тврдат, дал таква информација.

– Шефот на киевскиот режим целосно го изгубил допирот со реалноста и, слушајќи лажни извештаи од своите команданти, не ја контролира вистинската оперативна ситуација на теренот – се наведува во соопштението.

Како друга можност, руското Министерство за одбрана наведува дека Зеленски „ја разбира безнадежноста на ситуацијата, но ја крие вистината од населението и западните спонзори“.

Борбите во близина на Купјанск и Красноармејск во последните недели станаа една од најкритичните точки на жариштето на источниот фронт, додека двете страни известуваат за „напредок“ и „тешки загуби“ на противникот.

ИЗДВОЕНИ