недела, февруари 8, 2026
Дома СВЕТ Русија бара седница на Советот за безбедност на ОН за Украина

Русија бара седница на Советот за безбедност на ОН за Украина

98
EPA-EFE/JUSTIN LANE

Русија побара одржување седница на Советот за безбедност на ОН на 30 мај, со цел разгледување на „заканата за мирот“ што, според Москва, доаѓа од европските земји кои го попречуваат мирното решавање на конфликтот во Украина.

Првиот заменик-постојан претставник на Русија во ОН, Дмитриј Пољански, изјави дека седницата ќе биде одговор на барањето на некои европски земји за состанок ден претходно.

– Изгледа дека трпението на нашите противници во ОН се истроши. За нив е важно украинското прашање постојано да биде актуелно, иако ризикуваат да не го погодат тонот на новата американска администрација – изјави Пољански, алудирајќи на претседателот Доналд Трамп.

ИЗДВОЕНИ