Русија бара еден човек: Украинскиот шпион кој ја подготви „Пајажина“/ФОТО

689
EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Руските власти бараат човек за кој тврдат дека е украински шпион и организатор на една од најсмелите воени акции во поновата историја. Според британскиот „Дејли меил“, а како што објави „Вечерњи лист“, станува збор за Артем Тимофеев, за кого се верува дека стои зад тајната операција на украинската служба за безбедност (СБУ) наречена „Пајажина“.

Операцијата, која се случи минатиот викенд, беше спроведена со цел да се нападнат руски воени бази во кои се сместени стратешки бомбардери. Украина тврди дека оваа акција уништила 34% од руската флота тешки бомбардери, предизвикувајќи штета од над 7 милијарди долари.

За да се спроведе оваа операција, украинските беспилотни летала беа прокриумчарени длабоко во Русија, каде што беа скриени во комерцијални возила, а потоа лансирани од периметарот на воените бази.

Клучната точка на операцијата наводно бил градот Чељабинск, каде што биле склопени и подготвени беспилотните летала за нападот.

Според руски извори, Тимофеев, роден во Житомир, живеел во Киев, а пред неколку години се преселил во Чељабинск и работел како „претприемач“. Руското Министерство за внатрешни работи издаде налог за негово апсење, именувајќи го како главен организатор.

Во нападот беа користени 117 дронови, секој имал свој пилот. Нападите беа насочени кон повеќе руски бази истовремено, а во некои случаи до 30 дронови беа насочени кон една локација. Руските воени блогери тврдат дека руската мобилна мрежа била користена за комуникација, користејќи домашни SIM картички и модеми.

Иако Москва е убедена дека операцијата била организирана одвнатре, СБУ тврди дека сите клучни актери „се во Украина веќе долго време“.

ИЗДВОЕНИ