Руси со дрон погодиле патнички автобус во Украина: Најмалку девет мртви/ФОТО

304
Фото: Screenshot/X

Девет лица загинаа во утринава напад на руски дрон врз патнички автобус во градот Билопиља во североисточна Украина, соопштија локалните власти.

„Ова не е само уште едно гранатирање, тоа е цинично воено злосторство“, напиша украинската национална полиција во објава на Телеграм.

Руската државна новинска агенција ТАСС објави, повикувајќи се на соопштение на Министерството за одбрана, дека руските сили со беспилотни летала нападнале област за собирање на украинската воена опрема во регионот Суми.

Ихор Ткаченко, шеф на воената администрација Суми, на Телеграм рече дека е во тек операција за спасување.

Состанокот меѓу руските и украинските претставници во Турција во петокот не успеа да постигне привремен прекин на огнот. Тоа беше првиот директен дијалог меѓу двете страни по оној во првите месеци од војната, што Русија го започна во февруари 2022 година.

Украинската полиција објави фотографии од речиси уништено темно сино патничко возило, со откорнат покрив и скршени стакла.

Ројтерс не беше во можност самостојно да го потврди украинскиот извештај.

Двете страни негираат дека со нивните напади се насочени кон цивили, иако илјадници веќе се убиени во конфликтот, од кои огромното мнозинство се Украинци.

Руската војска се уште не ги коментирала украинските обвинувања.

ИЗДВОЕНИ