Рудигер на интересен начин го „пецна“ лутиот ривал

246
epa11940940 Real Madrid's Antonio Rudiger gestures during the UEFA Champions League Round of 16 first leg soccer match between Real Madrid and Atletico Madrid, in Madrid, Spain, 04 March 2025. EPA/SERGIO PEREZ

Непотребно е да се зборува за ривалството помеѓу Реал (М) и Барселона бидејќи сите знаат за што станува збор. Секој фудбалски фан е добро запознаен за долгогодишно соперништво на теренот кое често ги надминува границите на зелениот терен, како што е случајот сега.

Имено, централниот дефанзивец на „кралскиот клуб“, Антонио Рудигер, реши да го „боцка“ лутиот ривал преку социјалната мрежа Инстаграм.

Една навивачка странива на Реал (М) објави компилација од играчи на Барселона како симулираат прекршок за време на натпреварот.

Пред неколку дена, Инстаграм воведе опција за „реобјавување“ што овозможува одредено видео да се појави на вашиот профил.

Рудигер одлучи да ја „реобјави“ оваа посебна компилација од играчи на Барселона и нормално тоа не им се допадна на навивачите на каталонскиот гигант.

Инаку, Германецот е познат по својот краток фитил и често влегува во конфликти на теренот, па затоа овој потег е токму во негов стил.

ИЗДВОЕНИ