Рубио вети „непоколеблива поддршка“ за Израел

77

Американскиот државен секретар Марко Рубио во понеделник изјави дека Вашингтон ќе му обезбеди „непоколеблива поддршка“ на Израел во остварувањето на неговите цели во Газа и повика на целосно уништување на Хамас.

„Народот на Газа заслужува подобра иднина, но таа подобра иднина не може да започне сè додека Хамас не биде елиминиран“, им рече Рубио на новинарите.

„Можете да сметате на нашата непоколеблива поддршка и посветеност тоа да стане реалност“, додаде тој.

Посетата на Рубио на Израел доаѓа во време на зголемени тензии меѓу САД и другите сојузници на Блискиот Исток, поради нападот на Израел врз лидерите на Хамас во Катар и проширувањето на населбите на окупираниот Западен Брег.

„Посетата на Рубио е јасна порака дека Америка стои со Израел во борбата против теророт“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на заедничката прес-конференција со Рубио, додавајќи: „Америка нема подобар сојузник од Израел, а Израел нема подобар сојузник од Америка“.

ИЗДВОЕНИ