Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина

19
EPA-EFE/Sean Gallup / POOL

Американскиот државен секретар Марко Рубио по телефонскиот разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија подготвува документ во кој ќе бидат наведени барања за прекин на огнот во Украина што би довело до преговори за траен мир.

Рубио во интервју за Си-Би-Ес изјави дека украинската страна ќе работи на свој предлог и изрази очекување дека предлозите ќе бидат брзо дадени со цел да се продолжат преговорите.

Рубио нагласи дека би било добро двете страни да дадат предлози во следните неколку дена и ако бидат реални и рационални во својот пристап.

Тој оцени дека директниот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски би имал позитивно влијание врз напредокот на преговорите и изрази очекување дека тоа ќе се случи наскоро.

ИЗДВОЕНИ