
Најголемата ѕвезда во дресот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, побара од раководните лица да се вклучат во трката по потписот на колумбискиот интернационалец од редовите на Ливерпул, Луис Дијаз. Крилниот напаѓач е голема желба на челниците на Барселона и на Баерн (М), а клубот од Саудиска Арабија ќе мора да испрати понуда која нема да биде помала од 80 мил. евра.