Македонскиот фудбалски прволигаш, екипата на Башкими, интензивно се подготвува за стартот на вториот дел од сезоната во Првата лига, а покрај двете убедливо извојувани победи над Тиквеш (2:0) и црногорски Рудар (3:0), тимот доби и екстра засилување во нападот.

Имено, како што информираа од клубот, ново име во пролетниот дел од сезоната е фудбалерот од Тринидад и Тобаго, Никел Роналдо Ор. Станува збор за 24-годишен фудбалер, кој игра на левата крилна позиција, а во редовите на Башкими доаѓа од ПАЕЕК од Кипар.

  • Никел Роналдо Ор претставува модерен профил на играч, со висока визија за игра, силна физичка форма и брзина, внесувајќи рамнотежа, сигурност и енергија во тимот. Се очекува тој брзо да се адаптира на филозофијата на клубот и да даде значаен придонес кон нашите цели. Овој трансфер ги потврдува амбициите на ФК Башкими 1947 да продолжи да гради силен, конкурентен тим со јасен идентитет, комбинирајќи квалитет, дисциплина и посветеност, информираа од тимот.

Инаку, македонскиот прволигаш, кој моментно го зазема 6. место на табелата без никакви шанси за борба за титулата, има добар подготвителен период, па се очекува тимот да се покаже во далеку подобро светло во вториот дел од сезоната.

Што се однесува до Роналдо, тој немаше некој значаен придонес во првиот дел од сезоната во кипаракиот второлигаш, но од новиот клуб веруваат дека тој ќе „експлодира“ токму во дресот на Башкими.

 

ИЗДВОЕНИ