
Кристијано Роналдо пред неколку дена ја шокираше фудбалската јавност со објавата која ја постираше веднаш по последниот натпревар на Ал Наср сезонава.
Неговиот клуб беше поразен од Ал Фатех со 3:2 во разочарувачка сезона, а Португалецот остави интересна објава на социјалните мрежи.
“Ова поглавје заврши. Приказната? Продолжуваме да ја пишуваме. Благодарен сум на сите”, напиша Роналдо.
Веднаш се појавија информации дека Роналдо има две конкретни понуди на маса и тоа Ал Наср и Ал Хилал.
Сепак, многумина веруваат дека Кристијано ќе потпише краткорочен договор со екипа која ќе се натпреварува на Светското клупско првенство.
Потпишувањето за тим кој ќе се натпреварува во ова натпреварување, особено за некој европски клуб, може да биде одличен потег за двете страни.
Роналдо би имал можност да игра на голем настан на ФИФА, а клубот што би ангажирал би профитирал бидејќи сепак тоа е Кристијано Роналдо.
Се споменуваат клубови како Челзи, Манчестер Сити, па дури и поранешни клубови како Реал (М) и Јувентус.
Сега се појавија нови информации, пренесени од новинарот Руди Галети.
„Кристијано Роналдо малку ги смири работите и рече дека би размислил да остане во Ал Наср доколку се подготвени да изградат тим кој гарантирано ќе се бори за титулата. Доколку тоа не се случи, тој нема да потпише за друг клуб од Саудиска Арабија. Заминувањето, па дури и пензијата се валидни опции за Роналдо“, тврди Галети.
Лесно може да се случи Роналдо наеднаш да ја заврши фудбалската кариера, но многумина веруваат дека Португалецот ќе најде заеднички јазик со челниците на Ал Наср и ќе ја продолжи кариерата.