Роналдо и платил милион евра на готвачка за само седум дена

58

Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо ја ангажираше приватната готвачка Марта Гарсија и ѝ плати неверојатни еден милион евра за услугата.

Имено, познатата инфлуенсерка, која е позната и по прекарот Буки, доби неверојатна понуда која изненади многумина.

Буки ги споделува своите вештини на социјалните мрежи, каде што ја следат околу половина милион луѓе, и така го привлече вниманието на сопругата на Роналдо, Џорџина Родригез.

Со согласност на нејзиниот сопруг, Џорџина ја контактирала Гарсија.

„Ми понуди да станам нејзин личен готвач и да одам со неа седум дена на јахта на Ибица. Џорџина обожава добра храна и сигурно ме забележала на социјалните мрежи“, рече Буки, додавајќи дека ја прифатила понудата.

Ако сакаат стек во два часот наутро, ќе станам и ќе го направам. Нема да биде лесно бидејќи ќе биде со семејството, а децата обично имаат посебни желби. Тоа ќе биде спектакуларно искуство.“

Таа додаде дека за таа услуга ѝ биле понудени еден милион евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boukie (@_boukie_)

ИЗДВОЕНИ