
Италијанскиот портал „Калчомеркато“ објави дека Комо од Серија А е заинтересиран да го потпише Кристијано Роналдо. Потенцијалниот трансфер би го означил враќањето на 40-годишниот Португалец, кој моментално игра за Ал Наср од Саудиска Арабија и за португалската репрезентација, во Серија А.
Клубот од Ломбардија, предводен од Сеск Фабрегас, е исклучително активен на пазарот, а меѓу засилувањата, најзначаен е тој на неодамнешниот играч на Динамо од Загреб, Мартин Батурин. Амбициозните сопственици на Комо 1907 имаат јасна визија – по просечната сезона, целта е квалификација за европските натпреварувања, а доаѓањето на ѕвезда како Роналдо, би бил клучен чекор.
Информацијата ја пренесува и шпанскиот „Мундо Депортиво“, кој наведува дека Роналдо би можел да биде привлечен од можноста да се врати во една од најсилните лиги. Иако трансферот е на ниво на медиумска шпекулација во оваа фаза, останува да се види дали ќе има поконкретен развој на настаните во наредните денови. За клубот предводен од Фабрегас, таков договор би претставувал значаен чекор кон остварување на високи амбиции.