Романскиот министер за одбрана Јонут Мостеану објави дека поднесува оставка порати тоа што призна дека „направил грешка“ во универзитетските диплчои кои ги навел во својата службена биографија која предизвика полемика.
Мостеану призна дека во биографијата навел дека дипломирал на универзитет кој не го посетувал и рече дека „расправите за него не треба да го свртуваат вниманието од раководењето на државата во време кога Русија ги напаѓа Романија и Европа“.
„Денеска поднесувам оставка од својата позиција министер за одбрана. Нашата национална безбедност треба да биде одбранета по секоја цена“, напиша тој на „Фејсбук“.
Мостеану беше под притисок по вчерашното објавување на новинарско истражвање кое откри дека тој во својата професионална биографија напишал дека дипломирал на универзитет кој всушност не го студирал.
Тој иститиот ден се извини и рече дека станува збор за грешка.
„Во работната биографија која ја составив набрзина во 2016 година врз основа на модел најден онлајн, пости грешки која, принавам, ми пречи. Не посветив доволно внимание на тие детали во тоа време“, напиша тој на „Фејсбук“.
Мостенану е именуван за министер за одбрана во јуни, кога беше формирана нова проевропска влада по повеќемесечните политички превирања.
Премиерот Илие Боложан рече дека ќе предложи министеерот за економија и туризам Раду Мирути привремено да го преземе ресорот одбрана.












