Романското Министерство за одбрана потпиша договор со холандската влада за купување на 18 борбени авиони F-16 Fighting Falcon заедно со потребната опрема, објави романскиот министер за одбрана Јонут Муштеану.
Според него, овие авиони ќе се користат исклучиво за обука во Европскиот центар за обука на F-16 во Фетешти, Романија. Центарот веќе стана регионален центар за обука на пилоти од земјите-членки на НАТО и сојузничките земји.
Муштеану истакна дека Романија ќе плати симболична цена од 1 евро за авионите.
„Ова е паметна инвестиција во обуката, соработката и иднината“, нагласи тој, пренесува Index.hr.
Романија ќе ги покрие трошоците за обука на украински пилоти во Фетешти од државниот буџет. Обуката ќе се финансира преку романското Министерство за национална одбрана.
Инаку, во 2023 година, неколку земји-членки на НАТО одлучија да испратат борбени авиони F-16 во Украина и да обучат украински пилоти да ги летаат.
Според „Политико“, Украина врши притисок врз европските земји и САД да ги забрзаат напорите за обука на пилоти за летање со Ф-16, бидејќи Киев е незадоволен од темпото и обемот на обуката на пилоти на Запад.












