Фудбалскиот клуб Рома влегува во следната сезона со поголема амбиција откако со ангажирањето на Џан Пјеро Гасперини за нов тренер и со промената на позицијата спортски директор покажа дека нема да му недостига амбиција. Со тоа доаѓа и интересот за доведување на поранешниот капитен на Милан, Франк Кеси.

Кеси е член на Ал Ахли две сезони и не покажа намера да се врати во Европа во своите најзрели играчки години, но интересот на Гасперини би можел да ја промени неговата кариера, бидејќи двајцата работеа заедно една сезона, во Аталанта. Дека оваа информација не е без основа, потврдува и фактот дека дојде од познатиот италијански новинар, Џанлука ди Марцио, чии извори се покажаа како претежно точни, иако забележува дека не е сигурен колку може Рома да го победи Ал Ахли во однос на платата на Кеси.

 

ИЗДВОЕНИ