Ром стана член на Советот на град во Хрватска со само еден глас – својот

2119

На дополнителните локални избори во Хрватска, за член на Градскиот совет на Мурско Средишќе избран е кандидат од ромското национално малцинство. Од 270 Роми кои имале право на глас, на гласање излегле само четворица. Три гласачки ливчиња биле неважечки, а единственото важечко гласачко ливче било за избор на Милорад Михановиќ. Тоа ливче било неговото, зашто за него не гласала ни сопругата.

-Вистината е дека им реков на моите Роми да не гласаат на изборите во Мурско Средишќе од протест! Зошто? Затоа што бев ограбен на изборите за заменик-жупан на округот. Ниту Државната изборна комисија ниту Окружната изборна комисија не ми помогнаа, и беше очигледно дека станува збор за изборна измама, вели тој.

 

 

Додава дека сакал да покаже како со еден глас, глас на протест може да се влезе во Градскиот совет на градот Мурско Средишќе, појаснувајќи дека тој еден глас е неговиот.

-Исто така, ѝ реков на сопругата да не гласа, изјави Михановиќ за локалниот портал eMeđimurje.

ИЗДВОЕНИ