Рокерката Дани Димитровска по вторпат рипна во тавче – Весело со Весел!

1595

Таа беше облечена во бели панталони, во комбинација со бела ролка без ракави и со карнери, додека младоженецот Горан беше во класична бела кошула. И сè „пукаше“ од емоции, од насмевки, од милион желби за долг и среќен брак

Згодната македонска рокерка, пејачката Дани Димитровска, сè уште не се откажува од летото, кое, всушност, и календарски трае и не се предава. Како неа, која, за разлика од летото, сепак, слатко му се предаде на брачниот живот, по втор пат. Деновиве застана на лудиот камен или како што би се рекло народски – рипна во тавче. Бесконечно среќна, радосна, насмеана, заедно со Горан Веселиновски, попознат по прекарот Весел, инаку поранешен кошаркар, а сега директор на КК „Работнички“.        Што е убаво да имаш таков прекар, особено ако покрај себе ја имаш жената, брачната другарка што многу си ја сакаш и што те сака. Во нивниот случај, вистината е таа.

По тој повод, вљубената двојка направи веселба за потесен круг пријатели и роднини, а на веселбата беа присутни и нивните деца од првите бракови, нејзиниот син Лазар и неговата ќерка.

Со причина скромна како и секогаш, бидејќи потекнува токму од такво скромно работничко (социјалистичко) семејство, Дани, преку социјалните мрежи, објави неколку весели фотографии од свадбарската веселба. Малечка, но голема во нивните срца.Невестата беше облечена во бели панталони, во комбинација со бела ролка без ракави и со карнери, додека младоженецот Горан беше во класична бела кошула. И сè „пукаше“ од духовно задоволство, од емоции, од насмевки, од милион желби за долг и среќен брак, живот исполнет со разбирање и сакање. Инаку, ова е втор брак за Дани Димитровска. Првпат се омажи прилично млада, на 20 години, а потоа, на 21 година, стана горда мајка, го доби синот Лазар.

Денес, по толку години откако израсна Лазар во згодно и умно момче, Дани ќе каже дека тој ѝ е најдобриот пријател.

– Додека беше бебе, Лазар не го растев сама. Имав голема помош и од моите и од родителите на првиот сопруг. Гледајќи од оваа временска дистанца, мислам дека бебето ми беше како некоја играчка. Но, ништо не беше планирано. Ги оставам работите сами да се случуваат, онака како што сака мајката природа. Така и сега, на Дани спонтано ѝ се случи и вториот брак, љубовта со Весел.                                        Само нека трае, во мир и слога. Весело! (Д. М.)

ИЗДВОЕНИ