Политичкиот дел од трилатералните мировни преговори во Женева меѓу Украина и Русија, со посредство на САД, заврши за денес, но воените претставници од двете страни сè уште се состануваат, изјавил извор запознаен со ситуацијата за Ројтерс.
Според него, се очекува разговорите да продолжат утре. Во исто време, советникот на украинскиот претседател Сергеј Лешченко потврди за Укринформ дека разговорите се одржале во присуство на европски советници за безбедност, додавајќи дека тие не биле директно присутни во преговарачката сала.
Лешченко рече дека биле присутни советници од Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство, кои се во постојан контакт со учесниците во преговорите. Според него, нивното присуство одговара на интересите на Украина и Европа, бидејќи „Европа мора да биде на преговарачката маса, а патот на Украина кон ЕУ е неизбежен и корисен за двете страни“.












