Пакистан денеска го изврши својот втор ракетен тест за три дена, властите во Индија наредија да се спроведат безбедносни вежби во неколку држави, а односите меѓу двете земји се на работ на вооружен конфликт, пренесува Ројтерс.
Тензиите се високи меѓу двете земји, а расте стравот дека Индија и Пакистан би можеле да започнат конфликт поради смртоносниот напад на 22 април врз хинду туристите во индиски Кашмир.
Додека светските сили повикаа на смиреност, односите меѓу двете земји со нуклеарно оружје значително се влошија по нападот на 22 април во индискиот Кашмир во кој загинаа 26 лица, што е најлошиот напад врз цивили во Индија во последните две децении.