Велика Британија денеска објави дека вовела 100 нови санкции насочени кон рускиот воен, енергетски и финансиски сектор, објави Ројтерс.
Велика Британија соопшти дека воведе нови санкции откако руските беспилотни летала ги нападнаа украинските градови во текот на викендот, што беше опишано како „најголемиот напад со беспилотни летала во војната“.
Новите мерки вклучуваат снабдување со руски вооружени системи, вклучително и ракети Искандер, операции на Кремљ финансирани од буџетот, финансиски институции кои и помагаат на Русија да ги избегне санкциите, како и бродови во таканаречената „флота во сенка“ на руските нафтени танкери.