„Ројтерс“: Нетанјаху од Белата куќа се извини на Катар за нападот во Доха

17
EPA/SHAWN THEW

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се извинил на Катар откако Израел ја бомбардираше Доха претходно овој месец во обид да убие претставници на Хамас, дознава „Ројтерс“.

Според извор близок до израелскиот лидер, Нетанјаху денеска разговарал по телефон со премиерот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, повикувајќи го од Белата куќа.

Ова се случува кратко откако Нетанјаху пристигна во Белата куќа, каде што го пречека американскиот претседател Доналд Трамп. Како што пренесува „Ројтерс“, американскиот претседател денес разговарал и со Катар.

Инаку, Израел изврши напад врз Катар претходно овој месец, насочен кон претставници на Хамас. Терористичката група долго време имаше свое политичко седиште во Доха.

Во тоа време, Катар, сојузник на САД, го осуди нападот како „предавнички“ и „јасно кршење на сите меѓународни закони и норми“.

ИЗДВОЕНИ