Ројтерс: Мировниот план на Трамп е базиран на „нон-пејпер“ што му го испратија Русите

0
EPA/SERGEY BOBYLEV/SPUTNIK/KREMLIN POOL / POOL MANDATORY CREDIT

Мировниот план од 28 точки за завршување на војната во Украина, кој беше објавен минатата недела, се базира на руски документ што ѝ беше даден на администрацијата на Трамп во октомври, според три извори запознаени со ова прашање, објавува Ројтерс.

Русите го споделија документот, во кој се наведени условите на Москва за завршување на војната, со високи американски претставници кон средината на октомври, по состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон, велат изворите за агенцијата Ројтерс.

Неофицијалниот документ, познат во дипломатскиот жаргон како „нон-пејпер“, содржеше текст што руската влада претходно го презентираше на преговарачката маса, вклучувајќи отстапки што Украина ги отфрли, како што е откажување од значителен дел од својата територија на исток.

„Ова е прва потврда дека документот, чие постоење го објави Ројтерс во октомври, беше клучен придонес кон мировниот план од 28 точки“, заклучи Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ