Хамас се согласи со предлогот на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, за прекин на огнот во Газа, изјави во понеделникот за Ројтерс палестински функционер близок до групата, отворајќи го патот за можен крај на војната со Израел.
Новиот предлог, кој предвидува ослободување на десет заложници и 70-дневен прекин на огнот, Хамас го примил преку посредници.
„Предлогот вклучува ослободување на десет живи израелски заложници држени од Хамас во две групи во замена за 70-дневен прекин на огнот и делумно повлекување од Појасот Газа“, изјави изворот за Ројтерс.
Предлогот, исто така, повикува на ослободување на бројни палестински затвореници од страна на Израел, вклучително и стотици кои отслужуваат долги затворски казни.
Ројтерс пишува дека израелските власти сѐ уште не го коментирале ова.