Драма во Ленгли: Пукање пред седиштето на ЦИА, безбедносните сили ранија едно лице

57

Чувари денеска пукале и раниле едно лице пред седиштето на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) во Ленгли, Вирџинија, јавува Ројтерс.

Портпаролот на ЦИА изјави дека имало „безбедносен инцидент“ пред седиштето на агенцијата, на што реагирале органите на редот, но тој не потврдил дека се работи за пукање.

ЦИА во објава на мрежата Х објави дека главната порта на комплексот Ленгли на агенцијата е затворена и им наложи на вработените да бараат алтернативни рути.

ИЗДВОЕНИ