
Најбогатите клубови од англиската Премиер лига со големо внимание ја следат ситуацијата околу бразилскиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Родриго. Се погласни се шпекулациите дека „кралскиот клуб“ планира за време на летниот преоден рок да стави крај на соработката со крилниот напаѓач, а од неговата продажба очекува заработка не помала од 80 мил. евра.