
Еден дел од шпанските медиуми ја пласираа и информацијата дека Реал (М) сака да направи размена со лондонскиот премиерлигаш Арсенал. „Кралскиот клуб“ е подготвен да испрати на „Емирати“ бразилскиот интернационалец Родриго, но таквото сценарио ќе стане реалност само доколку во обратната насока се упати францускиот интернационалец Вилијам Салиба.