
Близок извор до таборот на шпанскиот гигант Реал (М) откри дека бразилскиот интернационалец, Родриго, е сериозно заинтересиран за преселба во англиската Премиер лига. На крилниот напаѓач му е јасно како ден дека ако остане на „Сантијаго Бернабеу“ нема да добие шанса да биде дел од репрезентацијата на Бразил која ќе настапи на СП 2026. Од друга страна, заинтересираниот клуб ќе мора да одвои околу 80 мил. евра за неговото обештетување.











