
Лондонскиот премиерлигаш Челзи ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Родриго. Младиот напаѓач и во актуелната сезона има скромна минутажа и затоа се погласни се шпекулациите дека ќе побара да биде продаден во јануари. Од друга страна, британските медиуми открија дека понудата на Челзи за обештетувањето нема да биде помала од 80 мил. евра.











