
Најпознатиот фудбалски новинар на денешницата, Италијанецот Фабрицио Романо, откри дека нема вистина во информациите дека лондонскиот премиерлигаш Челзи ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на Реал (М), Родриго. И покрај скромната минутажа во актуелната сезона, крилниот напаѓач нема да биде продаден или позајмен во јануари.











