
Близок извор до таборот на шпанскиот гигант Реал (М) откри дека раководните лица се подготвени да седнат на преговарачката маса со сите клубови кои се заинтересирани за услугите на бразилскиот интернационалец Родриго. Истиот извор додава дека крилниот напаѓач сигурно ќе биде продаден до крајот на летниот преоден рок доколку официјалната понуда не биде помала од 100 мил. евра.