
Раководните лица на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити сакаат во најбрз можен рок да ја продолжат соработката со шпанскиот интернационалец Родри. Искусниот играч за врска има договор со граѓаните до 2026 година, но поради големиот интерес на шпанскиот гигант Реал (М), челниците на Сити му нудат нов договор со важност до 2029 година и плата која ќе биде помала само од таа на Ерлинг Халанд.