Родителите на загинатите во “Пулс“ дојдоа со транспарент пред судницата: „63 сенки ќе ве следат, секој поглед бара ПРАВДА“

0

Со воведни зборови на одбраната денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.

Откако на минатото рочиште сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар, родителите на загинатите денеска пред судот поставија транспарент со ликовите на сите 63 деца коишто ги загубија животите во пожарот во дискотеката “Пулс” порачувајќи дека било многу контрадикторно што никој од обвинетите не се изјаснил за виновен.

ИЗДВОЕНИ