Роџер Санчез со двочасовен сет ја раздвижи 35-илјадната публика од цела Македонија

93

Со спектакл каков што Скопје досега не видело, Општина Кисела Вода го прослави својот 70. роденден и го отвори „Културното лето 2025“, кое годинава се одвива под слоганот ,,Сѐ на свое место”.

Повеќе од 35.000 посетители од цело Скопје, од цела Македонија, како и од соседна Србија, Бугарија и Грција, беа дел од настапот на светската диџеј-ѕвезда, Роџер Санчез, кој уште долго ќе се прераскажува.

Сцената ја отвори диџеј Матс со енергичен сет, а по него следуваа одличните настапи на диџеј Ампов и диџеј Деан Мицкоски, кои ја подгреаја атмосферата до максимум. Ноќта кулминираше со појавувањето на американскиот диџеј и продуцент, Роџер Санчез, кој ја раздвижи публиката со двочасовен сет кој ќе остане запаметен како едно од најголемите музички доживувања во Скопје.

–Заедно со Сашко Коцев го поставивме и последното парче од сложувалката во форма на голема карта на Скопје. А ние, се гледаме повторно утре – истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Културното лето продолжува и во следните денови со бројни концерти, настапи и театарски претстави кои ќе се одвиваат на повеќе локации.

 

ИЗДВОЕНИ