Лекари, колеги од неговата фела, многубројни пријатели, новинари, бизнисмени, пејачи, спортисти, уметници, тв-лица, јавни личности од најразлични сфери на општествениот живот, како и дел од навивачката група „Комити“, беа присутни таа гламурозна ноќ, на прославата на неговиот 54. роденден. Станува збор за добро познатиот, но и кај многумина од нас омилениот и почитуван доктор, Емил Угриновски, воедно и успешен лидер во бизнис заедницата. Човек боем, градски лик, кој ги слави значајните датуми од својот живот со своето одбрано друштво.
Се славеше, се пееше и се наздравуваше во прекрасниот амбиент на ресторанот „Мош“, со што и оваа година прославата го имаше она препознатливо и карактеристично за неговите роденденски журки. Секако дека покрај беспрекорното расположение, тука беше и одличната музика, која постојано го креваше адреналинот. Од песните на одличниот „Бузуки бенд“ и од рефрените на добропознатите не само грчки туку и многу македонски, српски староградски, англиски, италијански и француски хитови, гостите беа максимално расположени.
По примерот на грчките таверни, од подот се кршеа и чинии, кулминација на секоја добра забава. Подиумот резервиран за танцување на сиртаки не остана ни за минута празен. И никој не сакаше да си замине бидејќи се славеше до последната воздишка.
Па сепак, со причина, највеселата меѓу гостите, разбирливо беше неговата нова голема љубов Андреа, која доктор Емил неодамна ја запроси на егзотичните Малдиви.
– Иако постои разлика во годините, тоа, сепак, се само бројки на хартија. Нашите срца чукаат како едно големо срце. На Малдиви ни се случија само убавини, тоа што ќе се памети, вели добро расположениот Угриновски кој, ете, рака на срце, си знае максимално да го живее животот. Врвот на ноќта облеана во гламур беше кога се дувнаа свеќичките на роденденската торта во облик на две пури. Тогаш сите заеднички, како сложен хор, на докторот Угриновски му ја пееја „Happy Birthday, dear Emil”!
Дуле Миќиќ












