Роденденска журка за паметење! Македонската дијаспора 30 години живее со радиото „Зона М1“ и евергринот “Македонија“

15

Ова не е само наш јубилеј туку и празник на сите уметници кои веруваа во нас и со кои растевме заедно – изјавија славениците од тимот на радиото „Зона М1“ (на чело со газдата Марјан и диџеј Бици), едно од најслушаните македонски фолк-поп радија, чија популарност е, исто така, огромна, преку интернет- врските, и кај македонската дијаспора во Австралија, Канада и во Западна Европа. И слободно можеме да кажеме дека една од најбараните песни во нивната богата програма е онаа емотивната во која се пее за Македонија, каде што сонцето вечно сјае, а ја пее вљубеникот во Македонија, легендарниот Дадо Топиќ, пријателот на “Зона М1“.

Тимот, пред некоја вечер, славеше двојно: 30 години од основањето на радиото „Зона М1“ и 7 години од создавањето на продукцијата „Зона М1“. На прославата дојдоа многу познати од македонската естрада, вклучувајќи ги новинарите, пријателите и бизнис-соработниците. Целата таа весела летна ноќ изобилуваше со пеење, музика, пријатни муабети, спомени и со планови за иднината. Ова не беше само обична прослава туку и поттик за сето она новото што допрва доаѓа. Браво за „Зона М1“ и за Вип-журката од која си понесовме само убави впечатоци.  (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ