Робинсон се изјаснил за невин за убиството на Кирк, не соработува со властите, за разлика од сите околу него

439

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк, се изјасни за невин и не соработува со властите, но неговите соработници помагаат во истрагата, изјави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс.

Тој не признал пред властите. Тој не соработува, но сите луѓе околу него соработуваат, изјави Кокс за „Еј-би-си њуз“.

Кирк беше застрелан и убиен на 10 септември додека се обраќаше на студенти во Орем, Јута.

Робинсон беше уапсен во петок, 12 септември, откако неговиот татко го препозна на снимките од надзорните камери и го убеди да се предаде.

ИЗДВОЕНИ