Познатиот актер Роберт Редфорд почина денеска на 90 годишна возраст, во сон во својот дом, објави „Њујорк тајмс“. Со децении важеше за еден од најголемите холивудски актери, а покрај богатата кариера, неговиот приватен живот беше инспирација за многумина.
Се сметаше за омилен кај жените и голем холивудски заводник, но неговото срце го „зароби“ 21 година помладата Сибил Сагарс.
Сепак, Сибил не му беше прва сопруга. Редфорд првпат беше во брак со Лола ван Вагенен од 1958 до 1985 година и со неа имаше четири деца.
Ја запознал Сибил во 1996 година, а во брак се од 2009 година. Таа е уметница за која тој рече дека му го променила животот. Се што е познато за нивната свадба е дека се одржала во Хамбург, двојката никогаш не сакаше да споделува детали од нивниот приватен живот.
„Таа е многу посебна личност. Помлада е од мене и е Европејка, што ми се допаѓа. Тоа е сосема нов живот за мене“, рече еднаш актерот.
Роберт Редфорд не живееше како типична холивудска ѕвезда, ретко се појавуваше на јавни настани, поради што сите сè уште се сеќаваат кога беше со својата сопруга Сибил во 2021 година на годишната церемонија на доделување награди за неговата посветеност на зачувувањето на животната средина и здравјето на планетата, организирана од принцот Алберт II од Монако.
Тоа беше и едно од ретките заеднички појавувања со Сибил.