Роберт Левандовски ја напушта Барселона!

0
epa11935240 FC Barcelona striker Robert Lewandowski celebrates after scoring the 4-0 lead during the Spanish LaLiga soccer match between FC Barcelona and Real Sociedad at the Montjuic Olympic stadium in Barcelona, Spain, 02 March 2025. EPA-EFE/Alejandro Garcia

По четири години соработка, раководството на Барселона одлучи да не ја продолжи соработката со Роберт Левандовски и Полјакот ќе го напушти каталонскиот клуб по истекот на договорот.

Искусниот напаѓач, кој има 37-години, има опција да ја продолжи соработката за уште една сезона, но клубот нема да ја активира оваа клаузула и тој ќе биде слободен агент од следното лето.

„Барса нема да ја обнови соработката со Роберт Левандовски. Тој го напушта клубот“, тврди „Атлетик“.

Каталонците решија да му дадат простор на некој помлад, додека Левандовски е во доцните години и ќе го прослави својот 38-ми роденден на почетокот на следната сезона. Барса смета дека неговото време е истечено, дури и ако не изгледа така на теренот.

Лева игра одлично и во актуелната сезона, постигна осум гола на 15 настапи, а имаше врвни натпревари во претходните три години во кои се истакнуваше пред противничкиот гол.

Во вкупно 162 натпревари, Левандовски постигна 109 гола и запиша 21 асистенција. До крајот на сезоната, тој ќе има шанса да го зголеми овој учинок и тоа сигурно ќе се случи.

Левандовски нема намера да ја заврши кариерата, а интересот за неговите услуги би можел да биде огромен, бидејќи тој е сè уште еден од најдобрите стрелци.

Исто така, Барселона не планира да го откупи договорот на Маркус Рашфорд на крајот од сезоната.

Англискиот репрезентативец е на позајмица во каталонскиот клуб од Манчестер Јунајтед, но договорот нема да биде обновен.

Се очекува тој да го напушти клубот и да се врати на „Олд Трафорд“, а  „Црвените ѓаволи“ ќе треба да одлучат што ќе се случи со него во иднина.

Исто така, покрај Рашфорд на излезната врата од „Камп Ноу“ се уште тројца фудбалери, Роналд Араухо, Андреас Кристенсен и Марк Каскадо.

Сите се на трансфер листата и мали се шансите да останат во клубот.

ИЗДВОЕНИ