четврток, јануари 29, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА РКЕ и Бислимоски бараат да се расчисти случајот со лиценцата на Тритерол...

РКЕ и Бислимоски бараат да се расчисти случајот со лиценцата на Тритерол Петрол

20

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени за соработка со сите институции со цел да се расчисти посочениот случај кој е споделен во јавноста од страна на Финансиската полиција.

РКЕ ја информира јавноста дека во конкретниот случај за постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со тоа што на ист начин и во исти рокови е постапено и за други компании баратели на лиценци.

– РКЕ нема да коментира детали со цел да остави институциите на системот професионално да си ја вршат работата – соопштија од Регулаторна.

ИЗДВОЕНИ