РК Вардар ги „запали моторите“

86
Фото: РК Вардар

Со тренирање во групи и медицински прегледи, ракометарите на Вардар ги почнаа подготовките за новата сезона. Тренерот Иван Чупиќ на првиот тренинг имаше дел од ракометарите кои почнаа со работа со кондициониот тренер, а другите треба да ги минат задолжителните медицински прегледи.

Сите ракометари на кои клубот смета сезонава се во Скопје. Во следните денови ќе се завршат сите прегледи, а потоа од понеделник почнуваат и тренинзите во сала.  Потоа екипата заминува на висински подготовки, а до крајот на месецот треба да се одиграат и неколку контролни натпревари, и турнири.

Пред почетокот на сезоната ќе се одржи и мечот од Супер купот, на 3 септември, а местото на одигрување дополнително ќе биде одредено.

 

ИЗДВОЕНИ