Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука за скандалот кој што го приреди грчки АЕК Атина на реванш финалниот натпревар со Алкалоид во Скопје, во финалето во Европскиот Куп.
„Ова не е само победа. Ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет!
По извојуваната победа во Атина во првиот дуел, противникот РК АЕК одби да го одигра реванш-натпреварот во Скопје од свои причини.
По разгледувањето на сите случувања и докази, ЕХФ донесе одлука за службена победа од 10 : 0 голови и од 2 : 0 поени за РК Алкалоид. Трофејот од Европскиот куп заслужено ќе биде во нашите витрини!, објавија од РК Алкалоид на официјалниот Инстаграм профил на клубот.
View this post on Instagram